А-инвест е генерален дистрибутер на неколку познати светски брендови со прехрамбени и непрехрамбени производи. Богатиот и разновиден спектар на брендови и производи бара висок степен на флексибилност, отвореноста на постојани промени, флексибилна организација и инвестирање во развој на луѓето и во брендовите.

Нашата цел е да генерираме одржлив раст на бизнисот и да создадеме додадена вредност за нашите деловни партнери и за брендовите во нашето портфолио. Нашите клиенти се сите релевантни и реномирани учесници на пазарот кои се движат од големи мултинационални синџири, локалните малопродажни синџири, продавници на големо, аптеки, независни локални трговци, претприемачи и специјализирани продажни канали. А-инвест е партнер кој најдобро ги задоволува потребите на нашите деловни партнери со оптимална мешавина на придонесот од производи, услуги, флексибилност и локална експертиза.

Со тим од страстни професионални експерти, ние нудиме целосни и сеопфатни бизнис решенија за продажба, логистички услуги, маркетинг услуги и управување со брендовите.Во нашиот бизнис ние се водиме од нашата визија, мисија, принципи и вредности.

0
Години
0
Брендови