А-инвест развива и негува долгорочни деловни односи и стратешки партнерства со реномирани компании, овозможувајќи нивните брендови да бидат достапни до што поголем број клиенти и потрошувачи на целата територија на Македонија.
Во тесна соработка со своите деловни партнери, А-инвест развива и усогласува деловни стратегии насочени кон успешно лансирање, позиционирање, развој и ревитализација на брендовите, како и континуирано следење и управување со нивното присуство на пазарот. Нашата цел е секој бренд во нашето портфолио да го оствари својот целосен пазарен потенцијал и да создаде долгорочна и одржлива вредност за сите вклучени страни – производителите, дистрибутерот, клиентите и крајните потрошувачи.