ЛУЃЕТО СЕ НАШАТА НАЈГОЛЕМА ВРЕДНОСТ
Ангажирање на компетентни вработени е клучната магична состојка во секоја голема организација. Вработени со високо ниво на енергија, кои се проактивни и фокусирани, кои ја превземаат одговорноста и ги промовираат промените на подобро, придонесуваат за развој на организацијата и нејзино движење напред. Ова е причината зошто ние во А-инвест даваме посебен фокус и внимание кон професионална селекција на нови, како и едукација и развој на постојните вработени.
За нас е многу важно вработени да функционираат со ентузијазам, иницијатива и проактивност, да се одговорни и љубопитни и да имаат интегритет и лична искреност. Во потрага по нови, подобрени и иновативни бизнис решенија ние промовираме отворена комуникација. Добрите идеи со бизнис вредност, се наградуваат и вработените со големо достигнување имаат можност да се промовираат и да се развиваат како професионално така и лично. Секаде каде што има можност ние плаќаме за перформансите, така што вработените со подобри резултати имаат можност да заработат повеќе. Некои од предностите во А-инвест се тимската работа и силната поддршка во меѓучовечките односи.
КАРИЕРА
Од исклучително значење е фактот дека Вашите цели се во согласност со целите на компанијата. Тоа е нашата заедничка цел, да се запознаат едни со други подобро. Имајќи го тоа во предвид, ние подготвивме прашалник, кој е основа за нашето лично интервју со Вас. Вашите лични референци се ценети и доверливоста на Вашите податоци е загарантирана.
Во А-инвест има можност за студентска пракса, по интервју со кандидатите кои имаат изразено желба за тоа, по евалуација на нивните способности и афинитети.